Оглас за Машински Инженер

ВРАБОТУВАМЕ ОПЕРАТИВЕН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

СО РАБОТНО ИСКУСТВО ОД МИНИМУМ 5 (ПЕТ) ГОДИНИ

 Потребни квалификации:

  • ВСС (Високо образование) – Машински факултет
  • Задолжително работно искуство од минимум 5 (пет) години
  • Поседување на Овластување ,,А” или ,,Б” за изведба се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и компјутерски вештини
  • Возачка дозвола ,,Б” категорија-активен возач

Вештини и споспобности:

  • Раководни и лидерски способности
  • Одговорност
  • Самоиницијативност
  • Работа на повеќе проекти истовремено
  • Добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
  • Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење

 Работни задачи:

  • Менаџира и раководи проекти, проектни процедури и активности согласно нивните динамички планови на терен
  • Интензивна комуникација со сите чинители на проектите
  • Водење на евиденција за текот на производниот процес и изработување на програмски извештаи за проектите
  • Обезбедување на рентабилно користење на материјалните и финансиските средства при исполнувањето на планот за изведба
  • Следење и надзор на објектите во изградба

Нудиме:

  • Редовна плата по меѓусебен договор и придонеси на полно работно време
  • Надомест за работа на терен
  • Обезбедена исхрана
  • Превоз до/од работно место или располагање со службено возило
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
  • Бонуси за квалитетна и навремена изработка

 Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на: peskara@europe.com, со назнака : За оглас: ОПЕРАТИВЕН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР, да се јават на тел.број 043/222-241, 075/302-042 или да не посетат во просториите на ПЕСКАРА ВЕЛ секој работен ден од 08-16 часот.