Производство на челични конструкции со капацитет од 200 тони месечно. Во денешно време кога заварувањето се применува во секој сегмент на малото стопанство и индустриското производство, свесни сме за развојот на постапките за заварување во услови на многу техничко- економски предности. Нашата компанија вложи доста време и средства за да може во целост да ги задоволи се поголемите побарувања и зголемените критериуми на инвеститорите за добивање на квалитетен спој.
Повеќе години настапуваме разрешувајќи ги сите проблеми кои се јавуваат при заварувањето применувајќи гасно, електро лачно, МИГ- МАГ и ТИГ постапка, заварувајќи ги метали и легури, под секакви услови и потреби. nЕлектролачно рачно заварување претставува спојување на метали со помош на заварување, постапка која многу често се користи во индустријата. Незамислива е изведбата на разни метални конструкции, машини и уреди без користењето на постапката на заварување. Се користи при изведбата на разни конструкции: огради, тенди, врати и слично.
Миг заварувањето или електролачното заварување е тип на заварување со неутрален (инертен) гас кое може да биде полуавтоматски или автоматски процес на заварување, кој користи континуирано гола жица како електрода за заварување. Главно се користи за заварување на железнички возила (алуминиум), садови, контејнери за прехранбената индустрија (NiCr, Al), цевки (NiCr, Al). МИГ заварувањето за разлика од ТИГ заварувањето има поголема економска исплатливост од процес на брзина на заварување (повеќе заварени материјали во единица време).
МАГ заварувањето е вид на електролачно заварување со активен заштитен гас или на мешавина на гас. МАГ заварувањето има широк спектар на употреба: кај производното заварување, наварување, и репарација на метални материјали. Овој тип на заварување има предност во однос на останатите заварувања од аспект на поголема економска исплатливост (повеќе заварени материјали во единица време, континуирана работа-без прекини за промена на електродата во процесот на заварување, помалку чистење на заварениот материјал).
ТИГ заварувањето се изведува во заштитна околина од инертен гас Аргон или Хелиум (односно мешавина од инертни гасови ). TIG постапката на заварување има широка примена и се сметка како најуниверзална постапка (во обзир на опсег на ма теријали на кој може да се примени: кај наварување и репаратурно заварување на алуминиумски легури и други нерѓосувачки материјали и легури. Се применува за заварување на лимови и цевки со дебелина од 0,6 mm до 6 mm (макс 10 mm во повеќе случаеви- за поголема дебелина е веќе неекономичен). Оваа техника се употребува за тенок лим, нерѓосувачки челик и алуминиум.