ВРАБОТУВАМЕ ОПЕРАТИВЕН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
СО РАБОТНО ИСКУСТВО ОД МИНИМУМ 5 (ПЕТ) ГОДИНИ
Потребни квалификации:
- ВСС (Високо образование) – Машински факултет
- Задолжително работно искуство од минимум 5 (пет) години
- Поседување на Овластување ,,А” или ,,Б” за изведба се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office и компјутерски вештини
- Возачка дозвола ,,Б” категорија-активен возач
Вештини и споспобности:
- Раководни и лидерски способности
- Одговорност
- Самоиницијативност
- Работа на повеќе проекти истовремено
- Добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
- Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење
Работни задачи:
- Менаџира и раководи проекти, проектни процедури и активности согласно нивните динамички планови на терен
- Интензивна комуникација со сите чинители на проектите
- Водење на евиденција за текот на производниот процес и изработување на програмски извештаи за проектите
- Обезбедување на рентабилно користење на материјалните и финансиските средства при исполнувањето на планот за изведба
- Следење и надзор на објектите во изградба
Нудиме:
- Редовна плата по меѓусебен договор и придонеси на полно работно време
- Надомест за работа на терен
- Обезбедена исхрана
- Превоз до/од работно место или располагање со службено возило
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
- Бонуси за квалитетна и навремена изработка
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на: peskara@europe.com, со назнака : За оглас: ОПЕРАТИВЕН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР, да се јават на тел.број 043/222-241, 075/302-042 или да не посетат во просториите на ПЕСКАРА ВЕЛ секој работен ден од 08-16 часот.