Овластен Сметководител

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ-ПЕСКАРА ВЕЛ ВРАБОТУВА ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Главни одговорности:
• Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото
• Книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењето на трансакциите , секојдневно книжење на денарски и девизни изводи
• Работа со електронско банкарство (денарско и девизно)
• Евидентирање и контрола на побарувањата, контрола на конта, изготвување на конфирмации,компензации, цесии
• Подготовка, потпишување и поднесување на ДДВ Пријава, Завршна сметка
• Изработка на КИПО, КБЦ, ВСС и слично и нивно поднесување
• Изработка на Извештаи за статистика
• Водење на Ревизија (Даночна и Годишна)
• Подготовка на финансиски извештаи
• Останати активности во рамките на финасии и сметководство во согласност со сметководствените стандарди и принципи и со сите релевантни законски и регулативни прописи

Потребни квалификации:
• Овластување од ИСОС за Овластен Сметководител
• Минимум 5 години работно искуство во областа на сметководство
• Завршено образование од областа на економија ( ССС/ВСС )
• Добро познавање на работа со сметководствени програми, особено Пантеон ќе се смета како дополнителна предност
• Одлично познавање на MS Office
• Одлични комуникациски вештини

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на: maja.lefterov@peskara.com, со назнака : За оглас: Овластен сметководител или да се јават на тел.број 075302042